Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку се придружил на своите соиграчи Пол Погба и Алексис Санчез кои се незадоволни на односот на менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, пишува „Сан”.
Според изданието белгискиот репрезентативец е незадоволен од последните натпревари, во кои го загуби местото во стартниот состав место и се почесто останува на резервната клупа.
25-годишниот играч, кој пристигна на „Олд Трафорд” за сума од 75 милиони фунти минатото лето, тешко ќе биде продаден во јануари поради долгорочниот договор, кој истекува во 2022 година Негов агент сепак е Мино Рајола, кој го преставува и Пол Погба кој постојано е поврзуван со трансфер од минатото лето.