Лукаку избран за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство

0

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е избран за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство. Ова го објави тој на својот профил на „Твитер“.

„Сакам да му благодарам на Бога што ме стави во ваква позиција. Благодарност до моите соиграчи во Интер и репрезентацијата на Белгија. Момци, вие секогаш ми помагате! Благодарност до тренерите на двата тима што ме направија подобар“, напиша Ромелу Лукаку.

На гласањето Лукаку ги победи играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин и голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа .

Вчера, Интер ја совлада Фиорентина во продолжението и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, со тоа што Лукаку го постигна решавачкиот гол. Лукаку игра во Интер од 2019 година. Оваа сезона, 27-годишниот напаѓач одигра 16 натпревари во италијанската Серија А, постигна 12 гола и 3 асистенции.

Share.

Leave A Reply