Лукаку излезе со пофални зборови за Солскјер

0

Централниот напаѓач на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, потенцирал дека е презадоволен со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција бидејќи тоа драстично влијаело на неговата игра. Н

орвежанецот кој го наследи, Жозе Мурињо, наметна офанзивен фудбал кој максимално му одговара на корпулентниот напаѓач бидејќи може да се фокусира само на противничкиот гол.

„Солскајер рече дека сака да играме атрактивен фудбал и да направиме многу шанси за да победиме.  Тие зборови беа музика за моите уши “, рече репрезентативецот на Белгија кој се соочува со повреда, но, има шанси да се врати во тимот за мечот со Вулверхемптон закажан за 2 април.

Share.

Leave A Reply