Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромел Лукаку призна дека негова голема желба е еден ден да игра во италијанскиот шампионат. Интерес за 25-годишниот белгиски репрезентативец покажува Интер.
„Да се игра во Серија А е вистински сон за мене, се надевам дека порано или подоцна тоа ќе се случи, но во моментот се фокусирам на Манчестер Јунајтед”, изјави Ромел Лукаку за „Sky Sports“.
Оваа сезона Лукаку одигра 44 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 15 гола и имаше 1 асистенција.