Лукаку: тотално разочаравме

0

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, тешко ја доживеа вчерашната елимнинација од Севилја во 1/8 финалето на Лигата на фудбалските шампиони.

Премиерлигашот загуби на домашен терен со 2 спрема 1 а црномурестиот фудбалер го постигна единствениот гол за домаќините кој на крајот немаше никакво значење. Тоа беше 200-от јубилеен гол на Лукаку во кариерата кој на негова жал, не му донесе голема радост.

„Мислам дека дел од нашите играчи се криеја по теренот. Многу сум разочаран, започнавме добро а потоа Севилја ја презеде контролата. Имавме повеќе шанси, но, први примивме гол. Според прикажана игра не заслуживме да одиме понатаму“ – изјави Лукаку.

 

Share.

Leave A Reply