Лукаку: Златан е неверојатен играч и човек

0

Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ромел Лукаку, откри дека многу научил од Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ,  додека заедно со настапуваа за екипата од  – „Олд Трафорд“.

„Се што дознав од Златан беше фантастично. Ги слушав неговите приказни за начинот на работа во Интер, Барселона, па дури и во Ајакс. Се виде дека има навистина голем натпреварувачки дух“ – вели интернациоанелцот од Белгија.

„Се сеќавам дека на една тренинг сесија тој стартуваше многу агресивно врз мене, тогаш видов дека тој е човек што сака да се натпреварува и да се бори за неговото место. Тоа ме промени. Тоа ми ги отвори очите. Човек мора да се бори за да го заслужи местото во тимот ” – изјави Лукаку за веб-страната на „црвените ѓаволи“.

 

Share.

Leave A Reply