Лукас Перез е најново засилување на Вест Хем

0

Маките на Лукас Перез во Арсенал завршија откако Вест Хем го привлече Шпанецот со договор за 3 години.

Тој помина практично една сезона кај лондончани, одигра 11 натпревари, а постигна 1 гол, а минатата сезона беше позајмен на Депортиво. Сега, сепак, се надева дека конечно ќе ги покаже своите квалитети во Премиер Лигата.

„Среќен сум што доаѓам во историски клуб. Благодарен сум за можноста да останам во Англија и се радувам што ќе бидам дел од овој нов проект” изјави 29-годишниот напаѓач.

Тој е 8-то ново засилување на „чекани“ кои променија доста работи во составот во текот на летото. Во екипата дојдоа Иса Диоп, Лукаш Фабиански, Рајан Фредерикс, Џек Вилшер, Андриј Јармоленко, Фелипе Андерсон и Шанде Силва.

Share.

Leave A Reply