Магнусен и неговиот екс-менаџер ќе водат судски спор

0

Кевин Магнусен и неговиот поранешен менаџер, Дорте Мадсен, не успеале да се договорат пријателски и ќе поведат спор на суд. Данскиот возач во Формула 1, се раздели со менаџерот уште во 2014 година кога го загуби  местото во Мекларен, но, сега Мадсен го тужи за отштета.

Магнусен не најде нов тим за 2015-та и во изминатата година се врати во Рено а преговорите ги водеше сам. Потоа Кевин премина во американскиот тим Хас благодарение на новиот спонзор, милијардерот, Андерс Хорхе Полсен.

Според данските медиуми, Магнусен и Мадсен ќе се сретна во судот во Копенхаген на 1 јуни. Менаџерот бара надомест за сегашните и новите приходи на пилотот поради прекршување на договорот, но, не е јасно за колкава сума станува збор.

Share.

Leave A Reply