Магнусен се договорил со Хас?

0

Пилотот на Рено, Кевин Магнусен, е подготвен да се пресели во екипата на Хас и наскоро треба да го потпише договорот, објавија медиумите. Претходно, шефот а тимот на Хас, Гинтер Штајнер, потврди дека Магнусен е на листата на потенцијални кандидати за нов возач.

Според извори кои ги следат приликите во Ф1 спортот, Данецот и раководството на американскиот тим се во напредна фаза одпреговорите и договорот ќе биде факт за само неколку дена.

Се претпоставува дека Магнусен ќе потпише само едногодишен договор, со опција за продолжение на уште една година. Магнусен сакаше да остане во Рено, но од таму како да немаат намера да ги започнат преговорите за нов договор, па затоа Данецот реши да си ја обезбеди иднината кај Хас.

Share.

Leave A Reply