Кошаркарите на Мајами Хит ќе играат во големото НБА финале по пауза од шест години. „Жешките“ го совлада Бостон Селтикс со 125-113 во шестиот натпревар и со тоа ја завршија финалната серија на Истокот со 4-2 во победи.
Тие ќе играат финале за првпат од 2014 година, кога беа поразени од Сан Антонио Спарс.
Мајами влезе во последната четвртина од мечот со поен предност, а Бостон се врати на почетокот од последната четвртина со серија од 10:2 и имаше +6. Тајлер Хиро носи нов пресврт, а последен пат Селтикси водеа на шест минути до крајот (100:98), по тројката на Тејтум.
Од резултатот 103:102, Мајами прави серија од 12:0 и ја решава и средбата и целата серија на 2 минути пред крајот. Адебајо беше играч на натпреварот со 32 поени, 14 скока и 5 асистенции. Батлер постигна 22 поени и 8 асистенции, а Тајлер Хиро имаше 19 поени, 5 скока и 7 асистенции.
Браун со 26 поени и 8 скока беше најефикасен кај Бостон.