Раководството на Формула 1, „Либерти Медиа“, го потпиша договорот со организаторите на најавената трка за ГН на Флорида на патеката во Мајами, која се најавува подолго време. Според најавата, за првпат возачите во ф1 ќе бидат на автодоромот во Мајами во 2021 година.
Се претпоставува дека Големата награда на Флорида ќе се одржи во близина на стадионот Хард Рок, кој е дом на локалниот тим на НФЛ лигата. Првично беше планирано Мајами да добие трка покрај градскиот автопат, но оваа иницијатива наиде на силен отпор од претставниците на градските власти.