Мајер ја забележа втората сезонска победа

0

Двократниот олимписки шампион, Матијас Мајер, од Австрија победи на втората сезонска трка во комбинација која беше возена во зимскиот центар „Венген“.

29-годишниот Мајер кој има освоено злато  на Олимписките игри во 2014 и 2018 година, триумфираше со вкупно време од 2:32,45 минути. Тој беше најбрз во спустот додека во слаломот дојде до четвртата позиција. Мајер ја забележа  втората сезонска  победа или вкупно седмата во кариерата во Светскиот куп. Веднаш до него трката ја завршија двајца Французи кои се искачија на  подиумот. Втор беше Алексеј Пинтуро  додека трет резултат имаше Виктор Муфа-Жанде.

Во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање лидер е Пинтуро со 613 поени пред Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 611 бода и Александар Амод Килде (Норвешка) кој има 551 поен.Светскиот куп на Венген продолжува утре со машкиот спуст.

 

Share.

Leave A Reply