Австриецот, Матијас Мајер е победник на денешниот спуст кој се возеше во италијанскиот ски-центар Бормио и кој се бодува за Светскиот куп во алспко скијање. Второто место го освои неговиот сонародник, Винсент Крихмајер додека трет беше Урс Кринбил од Швајцарија.
Освојувачот на големиот Кристален глобус и лидер во генералниот пласман, Александар Амод Килде, кој оствари само шесто време, успеа ја задржи лидерската позиција во спуст со 190 поени пред Мајер со 158 поени. Килде води во генералниот пласман за сезоната со 465 бода, пред Алексис Пентуро (Франција) со 462 бода и Марко Одермат (Швајцарија) кој има 391 бод.
Сега шампионатот во алпски дисциплини ќе се пресели во Хрватска. Таму на 6. јануари во близина на Загреб, традиционално ќе се вози слаломот на патеката Слјеме.