Македонската ракометна репрезентација до 19 години денес го игра вториот натпеевар на СП кое се одржува во Скопје.
Нашите млади ракометари по стартниот пораз против Аргентина од 20:23, вечерва го играат натпреварот од второто коло против селекцијата на Нигерија. Македонија е фаворит на оваа средба и очекуваме дека избраниците на селекторот Данило Брестовац нема да ја повторат грешката од првата средба и ќе слават сигурна победа на мечот против Нигерија.
Средбата се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 20.30 часот, а влезот е слободен. Во групата „Ц“ каде што игра нашата репрезентација уште ќе играат јапонија – Бахреин од 16.30 часот и Аргентина – Данска од 18.30 часот.
Денес на програмата:
Група „Ц“
Сала СЦ „Борис Трајковски“
16.30 Јапонија – Бахреин
18.30 Аргентина – Данска
20.30 Нигерија – Македонија
Група „А“
Сала СЦ „Јане Сандански“
16.30 Норвешка – Шпанија
18.30 Чиле – Хрватска
20.30 Саудиска Арабија – Словенија