Македонија до 17 години поуспешна од БиХ и во втората контрола

0

Македонската репрезентација до 17 години го одигра вториот натпревар против Босна и Херцеговина и ја забележа втората победа против оваа селекција на средбите кои ги одиграа гостински терен. Нашата селекција предводена од Драги Канатларовски славеше со 3:1 на воведниот дуел во БиХ.

На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3. минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски биеше прецизно за водство од 1:0. Во 48. минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.

Бесарт Гуџуфи беше фудбалерот за пресврт на Македонија до 17 години. Во 79. минута по додавање на Поповски, Гуџуфи го постигна погодокот за израмнување на 2:2, а пет минути подоцна повторно беше прецизен откако го искористи центаршутот на Софијаноски за победа на македонската репрезентација од 3:2.

Македонија до 17 години: Васко Василев, Никола Павлески (59. Азур Шехиќ), Енис Буќи, Матеј Ангелков, Дашмир Елези, Метин Иљази (46. Бесар Гуџуфи), Георг Стојановски (85. Ерлон Шуку), Ардијан Чилафи (65. Матео Софијаноски), Мирче Стоилов (27. МАрко Ристов), Марко Софијаноски (46. Донарт Ибраими, 85. Аљбан Шабани), Борјан Попоски.
Селектор: Драги Канатларовски;

Share.

Leave A Reply