Македонија домаќин на СП во ракомет за јуниорки во 2024 година

0

Македонија ја доби организацијата на женското Светско ракометно првенство во јуниорска конкуренција кое ќе се одржи во 2024 година. Ова е одлука на Светската федерација (ИХФ), која денеска ги објави државите кои ќе бидат организатори на настаните во следните години.

ИФХ одреди машкото Светско првенство во 2025 година да се игра во три држави, Хрватска, Данска и Норвешка, а женското во Германија и Холандија.

Домаќин на машкото Светско првенство во 2027 година стана Германија, а во женска конкуренција ќе се игра во Унгарија.

Share.

Leave A Reply