Македонија е 73-та во ФИФА рангирањето

0

Македонската фудбалска репрезентација направи прогрес од три позиции на најновата ранг листата на ФИФА и сега го држи 73-то место.

Тоа е убедливо најдобриот пласман на нашите фудбалери во последниве седум години во светското рангирање. Ќе потсетиме дека Македонија набрзо на 24 јануари по ждрепката во Лозана, ќе ги дознае противниците за новоформираната Лига на нации.

Нашава земја која ќе биде меѓу носителите во лигата „Д“, ќе има шанса токму преку новиот проект на УЕФА да влезе во битката за место на Европското првенство во 2020 година.

Share.

Leave A Reply