Македонија со еден адут на СП во атлетика во сала

0

Македонија ќе биде преставена со еден натпреварувач на СП во атлетика во сала кое од денес започнува во Бирмингем, тоа е нашиот атлетичар Дарио Ивановски.

СП во Бирмингем ќе трае четири дена, а овој настан е најголем во атлетиката за оваа 2018 година. На ова Светско првенство може да се очекуваат врвни резултати затоа што скоро сите селекции пристигнаа во најсилен состав, вклучувајќи ги атлетските сили САД, Јамајка и Германија.

Единствениот македонски атлетичар на ова СП Дарио Ивановски, ќе се натпреварува во трката на 1500 метри. Квалификациите во оваа дисциплина се на програмата в сабота, со почетокот во 12.15 часот.

Ивановски на шампионатот во Бирмингем е пријавин со време од 3:52.59 минути, резултат остварен на 27 јануари оваа година во Софија.Првиот натпреварувачки ден на ова СП носи неколку финални дисциплини:
– Скок во височина (м)|
– Скок во височина (ж)
– 3.000 метри (ж)

Поради добро познатите причини и проблемите со допинг аферите , атлетичарите од Русија ќе настапат со ослабен тим. Организаторите се надеваат дека ќе го соборат рекордот на посетеност од Белград пред една години, кога беше одржано Европското првенство во сала.

Share.

Leave A Reply