Ракометната репрезентација на Македонија денес ја чека ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2022 година што ќе се одржи во Унгарија и Словачка од 13 до 30 јануари 2022 година.
Пласман на ова ЕП веќе имаат домаќините, а директно пласирани се и финалистите на ЕП 2020, Шпанија и Хрватска, додека останатите 20 места ќе бидатт пополнети низ квалификациите во кои ќе учествуваат 32 селекции поделени во 8 групи по 4 екипи. Меѓу нив ќе биде и нашата репрезентација.
Македонија се најдоа во вториот квалитативен шешир пред денешната ждрепка, а тоа значи дека ќе ги избегнеме селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија како противници во овие квалификации.
Во првиот шешир се најдобрите, а ние би сакале да ги избегнеме најдобрите и да добиеме некој како Чешка или Исланд. Од третиот шешир најлошо би било доколку добиеме некој од Полска, Швајцарија и Украина, додека од четвртиот шешир не би требало да имаме проблем со било кој ривал.
Пласман на ЕП обезбедуваат првопласираните и второпласираните екипи од секоја група, како и најдобрите четири третопласираните. Сепак најдобро би било да се заврши на првото место поради подобрата позиција на извлекувањето на групите на самото ЕП. Ждрепката е закажана за денес со почеток во 17:00 часот во Виена.