Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП во одбојка

0

Македонија ги доби своите противници во квалификациите за Европското првенство во одбојка 2019 година.

Нашата селекција ќе игра во Групата „Ф“ заедно со селекциите на Украина, Унгарија и Шваjцарија. Ова ЕП ќе биде организирано во четири земји (Франција, Словенија, Белгија и Холандија) каде ќе се играат натпреварите од завршницата.

Пласман на ова ЕП веќе омаат обезбедено селекциите на  Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција според пласманот на ЕП во Полска 2017 година.

Останатите 12 екипи ќе играат квалификации кои ќе започнат во август 2018 година и ќе завршат на почетокот на јануари 2019 година. 26 репрезентации се борат за последните 12 места кои водат на завршницата на ова ЕП, а се поделени во 7 групи. Пласман на ЕП ќе има за сите првопласирани и пет второпласирани селекции.

Share.

Leave A Reply