Македонија ги има најдобрите стрелци на Мундијалот

0

Нашата кадетска ракометна репрезентација на Светското првенство во Скопје денеска ја очекува натпреварот против Јапонија во рамките на последното коло во групата „Ц“.

Бидејќи и ние и „самураите“ имаме обезбедено место во наредната фаза, дуелот закажан од 20.30 часот во СЦ Борис Трајковски ќе биде всушност директна пресметка за второто место кое треба да донесе и полесен противник на хартија во елиминацискиот дел.

В пресрет на завршната рунда, нашиот капитен Мартин Серафимов и десното крило, Ненад Костески, остануваат на врвот на листата на голгетерите. Серафимов има 33 голови а Костески еден помалку. На третото место е Нигериецот Фарук Јусуф со 31 гол следен од Мохамед Мохамед од Бахреин и Бенце Хорњак од Унгарија кои имаат по 28 голови.

Share.

Leave A Reply