Македонија денес треба д аги добие противниците во една од групите на Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот на наредната 2022 година во Унгарија и Словачка.Македонија одново ќе се надигрува со најдобрите откако го освои вторто место во квалификациите во група со Данска.
Денес на програмата од 17:00 часот е ждрепката која ќе ни ги донесе противниците во групната фаза. Будимпешта ќе биде местото каде што ќе се извлекуваат имињата на учесниците.
Најдобрите 24 репрезентации се сместени во четири шешири. Македонија е дел од третиот шешир.
Конкуренцијата ќе биде силна, а нашите репрезентативци со нетрпение ќе ги очекуваат имињата на противниците. Од првиот шешир не може да се добие лесен противник, со оглед на квалитетот на сите репрезентации. Вториот шешир може да ни донесе противник од типот на Данска и Шведска, тука е и Унгарија, а од последниот шешир би можеле да ни паднат Полска, Црна Гора, БиХ, Холандија, Украина или Литванија.
Шест репрезентации веќе се сместени во групите. Словенија е во група А, Унгарија ќе стартува во група Б, Хрватска ќе ја предводи групата Ц, Германија е дел од групата Д, додека Чешка ќе биде во групата Е, а Словачка како организатор во групата Ф.