Македонија ги прокнижи првите бодови на СП

0

Нашите најдобри ракометари денеска ја совладаа Јапонија со 38 спрема 29 на стартот на возбудувањата во групата „Б“ која се реализира во арената во Минхен.

Триумфот против „самураите“ ни го донесоа бравурозните одбрани на голманот Ристовски, играта 7 на 6 со акцент на пикерите како и луцидните комбинации кои тотално го разбија противникот. Капитенот Кире Лазаров со осум голови беше најпрецизен во нашиот табор, Манасков постигна седум а Стоилов шест. Кај Јапонците се издвоија Ванатбе со пет и Шиба со четири голови.

Четата на Раул во второто коло в недела ќе се сретне со селекцијата на Бахреин.

Share.

Leave A Reply