Екипата на Македонија ЃП загуби со 3-1 на гостувањето кај Алашкерт на првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа.
Нашиот претставник одигра слаб меч во кој домашните ги искористија своите шанси и на крајот и се израдуваа на победа, која им обезбедува добри шанси за минување во 2. коло.
Никита Танков по 16 минути игра го донесе домашниот тим во водство, со кое се отиде и на пауза. Во 52-та минута Ален Јашароски погоди со глава за 1-1, но кусо време потоа, Алашкерт ја врати предноста на сличен начин, со голот на Секулиќ.
Конечните 3:1 ги постави Нето во 82-та минута.