Македонија ЃП посакува позитивен резултат од гостувањето во Ерменија

0

Македонскиот претставник во Лига Европа, Македонија ЃП е подготвен за својот предизвик и настап на првиот квалификациски натпревар од двомечот со ерменскиот тим  Алашкерт. На последната прес-конференција зборуваа играчот Дејан Тантуровски и шефот на стручниот штаб Александар Таневски.

Тренерот на тимот Александар Таневски до го анализираше противничкиот тим и даде опис на ерменскиот состав.

„Ни следи натпревар со добар противник, кој игра допадлив фудбал. Последните неколку години ја претставува Ерменија во европските купови, ги респектираме и ќе влеземе максимално претпазливо во првите 90 минути. Подготвени го дочекуваме натпреварот, а неколкуте добро одиграни пријателски натпревари се знак дека сме добро подготвени за она што не очекува. Познавајќи ги моите момци кои имаат силен лавовски карактер и многу пати до сега покажаа дека кога е најпотребно знаат да го дадат својот максимум ми дава за право да верувам во добар резултат на овој”, рече Александар Таневски.

„Мислам дека сосема заслужено стигнавме до тука, овој натпревар ќе биде тежок за двете екипи, но ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат, а тоа е се освен пораз. За противничката екипа имаме голема почит, тие важат за една квалитетна екипа која што веќе четири години по ред игра во европските натпреварувања. Тоа можеби ги прави фаворити, но јас мислам дека ќе биде сосема неизвесно, а тоа ќе го докажеме на теренот”, изјави Тантуровски.

Натпреварот меѓу Алакшерт и Македонија ЃП се игра денес во 17:00 часот.

Share.

Leave A Reply