Македонија го започнува настапот на СП во Алжир

0

Македонската младинска ракометна репрезентација од денес до 30.јули ќе биде дел од Светското младинско првенство. Македонија ќе настапува во групата Ц, заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Русија, Буркина Фасо и Бразил.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската арена „Хачене Харча“ која има капацитет од 6000 посетители за ракометните натпревари и каде ќе се одржи завршницата на мундијалот.

Македонија денес во првото коло од 15 часот игра против селекцијата на Русија. Противник кој има високи играчи и гранитна одбрана на што ќе мора да најдат противигра нашите репрезентативци.

Во нашата група денес се играат уште два натпревари, Шпанија игра против Бразил, додека Тунис за противник ја има селекцијата на Буркина Фасо. За нашите репрезентативци е важно како ќе го одиграат овој натпревар затоа што може да биде многу важен за конечен пласман во втората фаза каде очекуваме пласман на нашите млади ракометари.

Пласман понатаму обезбедуваат првите 4 селекции од секоја група, а објективно оваа генерација на Македонија има квалитет за да го направи тоа.

Share.

Leave A Reply