Македонија го започнува своето 6-то учество на СП во ракомет

0

Нашата ракометна репрезентација денес од 15.30 часот ќе го одигра првиот натпревар на СП во Германија и Данска, а тоа впрочем ќе биде и 6-от настап на нашата репрезентација на собир на најдобрите репрезентации во светот.

Во 1999 година го освоивме 18-то место, а во 2009 година бевме 11-ти, од тогаш сме редовни учесници на СП, па во 2013 бевме 14, за две години подоцна го освоиме 9-то место. На последното СП во Франција во 2017 година го освоивме 15-то место.

Ова ќе биде нова шанса за нашата подмладена репрезентација која ќе се обиде да дојде до добар пласман на ова СП и да покаже дека има капацитет за големи дострели.

За разлика од Македонија, нашиот денешен противник досега има учество на 10 учества на СП, а најдобриот пласман го имале на своето деби во далечната 1970 година кога биле на 10-то место.

На последното СП во Франција го освоија 22-то место, а имаат учество и на 4 ЛОИ, првата е онаа во 1972 година одржана токму во Минхен.

Share.

Leave A Reply