Македонија со Исланд, Турција и Грција во квалификациите за ЕП 2020

0

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците против кого ќе игра во квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година. Нашата селекција ќе биде во групата 3 заедно со репрезентациите на Исланд, Турција и Грција. За шестиот пласман на Европското првенство, нашите репрезентативци, кои пред ждрепката беа рангирани во првиот шешир, ќе се борат низ шест средби во три квалификациски циклуси.

Ова ќе биде прв европски шампионат што ќе се игра со 24 репрезентации, а тоа е можност за пониско рангираните национални тимови да обезбедат настап на големо натпреварување.

Директен пласман имаат Шпанија, како европски шампион  и домаќините, Шведска, Норвешка и Австрија. За 20 преостанати места ќе се борат 32 селекции, во осум групи по четири. Првото и второто место носат пласман на ЕП 2020, плус четирите најдобри меѓу третопласираните.

За пласманот на третопласираните во предвид ќе се земаат само резултатите остварени на натпреварите со селекциите што ќе бидат прво и второ место, додека четири најслаби од овие квалификации, ќе мораат да играат претквалификации за следното ЕП во 2022.

Група 1: Германија,Израел, Полска, Косово
Група 2: Хрватска,Швајцарија, Србија, Белгија
Група 3: Македонија, Турција, Исланд, Грција
Група 4: Словенија,Летонија, Холандија, Естонија
Група 5: Белорусија, Босна и Херцеговина,Чешка, Финска
Група 6: Франција, Литванија, Португалија, Романија
Група 7: Унгарија, Словачка, Русија, Италија
Група 8: Данска, Украина, Црна Гора, Фарски Острови

Натпреварите од квалификациите ќе се играат во термините:
1 и 2 коло од 24 – 28 Октомври 2018
3 и 4 коло од 10 – 14 Април 2019
5 и 6 коло од 12 – 16 јуни 2019

Веќе е познат терминот кога ќе се играат дуелите од Европското првенство во 2020 година, а тоа е од 10 до 26 јануари. Градови-домаќини ќе бидат Гетеборг,Малме и Стокхолм во Шведска, Грац и Виена во Австрија, како и Трондхајм во Норвешка.

Share.

Leave A Reply