Македонија мора да победи за да не зависи од никого

0

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ига многу важен натпревар во рамките на предквалификациите за пласман на СП во 2019година. Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков се пред сериозен испит вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ каде ја дочекуваат Естонија, а селекторот Давитков предупредува дека противникот не е ни најмалку наивен и може да биде многу опасен.

„Ние немаме многу опции, мораме да ја победиме Естонија. Ја гледав оваа репрезентација на четири натпревари оваа сезона, се работи за добар тим со 12 кошаркари во ротација. Тие играат многу агресивно од првата до последнта минута и навистина ќе биде тешко. Одбраната е многу важна, но мора и да погодиме повеќе отколку во Косово. Што се однесува до Стајиќ тој тренира и мислам дека ќе биде подготвен, имаме мали проблеми со Теодор Џордан, кој се пожали на болки во стомакот, но ќе биде во составот“, истакна Давитков.

Македонија мора да победи, затоа што евентуален пораз ќе значи дека нема да зависи сама од себе за пласман во квалификациите. Мечот Македонија – Естонија е дел од второто коло каде е слободнаселекцијата на Косово, која ја совлада Македонија пред неколку дена со 72:68. Средбата меѓу Македонија и Естонија е вечерва од 20.30 часот.

Share.

Leave A Reply