Македонија му се одмазди на Косово, победи со плус 13 поени

0

Нашата кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во предквалификациите за СП 2019 година. По стартните порази од Косово на гости и Естонија на домашен терен, вечерва нашите кошаркари конечно заиграа како што треба и го совладаа Косово со 87:74.

На Македонија и беше потребна оваа победа за да ги задржи шансите за пласман во квалификациите,а токму тоа и го направи славеше и тоа со повисока победа од 5 поени разлика. Во првите две четвртини од натпреварот не играа онака како што посакуваат избраниците на Давитков, но во третиот период Макеоднија заигра како што треба и ја доби истата четвртина со 23:13. Во последниот период нашите кошаркари ја задржаа оваа предност и ја надоградија до +13 на крајот на мечот.

Најдобар кошаркар во Македонија беше Џордан Теодор со 22 поени и девет скока, додека на листата го следеа Александар Костоски со 16, Војдан Стојановски со 14, како и Љубомир Младеновски кој постигна 12 поени.

Наредниот и последен меч од претквалификациите Македонија го игра на 16 август кога гостува кај Естонија. Со евентуална победа, се пласираме во наредната рунда – квалификациите за СП 2019.

Share.

Leave A Reply