Македонија обезбеди опстанок во А дивизија, следен противник е Словенија

0

Нашата кадетска репрезентација забележи победа против соодветната селекција на Босна и Херцеговина и го запишаа вториот триумф на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одржува во Удине, Италија. Македонија славеше со 76:64 (19:20, 14:14, 30:14 и 13:16) по четвртини.

Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ по вчерашниот убедлив пораз од Русија во 1/8 финалето, денес одиграа одлично против БиХ и славеа со 76:64, со што практично го обезбедија опстанотот во А дивизија.

Македонија следниот натпревар ќе го има против селекцијата на Словенија во борба за што подобар пласман, односно 9-то место на ова ЕП. Натпреварот со Словенија е закажан за 16. август, со почеток во 21:00 часот.

Share.

Leave A Reply