Македонија одигра без калкулации и рамноправно со Шпанија

0

Македонската ракометна репрезентација одигра добра натпревар и беше достоен противник против Шпанија, но загуби со 25:29 (14:14) во четвртиот натпревар од групата Б на СП во Франција. Така сега ни е потребно реми или победа утре против Исланд да ја избегнеме Франција во осминафиналето на Мундијалот.

Stoilov so Spanija

Македoнија го започна натпреварот добро, но Шпанија беше таа која имаше предност, но во тие моменти симпатиите на публиката беа на страна на Макеоднија која преку Кире Лазаров на двапати ја кренаа публиката во Мец на нозе откако најнапред со Манасков, а потоа со Георгиевски реализираа два гола со цепелин.

Mirkulovski so Spanija

Нашите ракометари одиграа одлично и дојдоа до предност од 14:11 во 25.минута од првото полувреме, но Шпанија се врати и успеа да израмни на 14:14, резултат со кој се отиде на одмор. Во вториот дел Алекс Душебаев и Ривера ја држеа Шпанија на позитива која полека се зголемиваше , за на крајот Шпанците на ускуство да го привршат натпреваро со предност од 25:29.

Time Out Makedonija

Во македонската репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров со 6 и Никола Маркоски со 5 гола, а Ривера постигна 11 гола кај Шпанците. Утре е решавачкиот натпревар за Македонија во борба за 3 место во групата, потребна е победа или бод на мечот со Исланд кој го играме во 17.45 часот за да се избегне домакинот Франција во 1/8 финалето.

Share.

Leave A Reply