Македонија по победа во Украина за пласман на ЕП во Хрватска

0

Македонската ракометна репрезентација ја очекува можеби клучниот натпревар за пласман на ЕП во Хрватска 2018 година. Вечерва од 18 часот Македонија и гостува на Украина, можеби пред почетокот на овие квалификации некој ќе сметаше дека овој натпревар ќе биде формалност за нашата селекција, но игрите кои ги покажа Украина на домашен терен и победите над Исланд и Чешка се големо предупредување за нашите ракометари.

Синоќа македонските ракометари го одржа последниот тренинг воочи попладневниот натпревар против Украина во Суми. Откако Чешка го победи Исланд, сега Македонија ќе брка победа која уште вечерва може да ни донесе виза за Европското првенство во Хрватска.

Еден од оние кои се иднина на нашата селекција е Филип Талески кој стравува од цврстата одбрана на Украинците.

„Оваа наша група е многу тешка и доста изедначена. Се наоѓаме пред за нас двата најважни натпревари. Украина игра добар ракомет, особено цврсто играат во одбрана и не е лесно да се разбие нивната одбрана. Максимално сме подготвени, а победата на оваа среда е единствена наша цел. Ако победиме вечерва веќе ќе имаме пласман на ЕП и мечот со Чешка во Скопје ќе го играме растеретени и за првото место во групата“, вели Талески.

Филип Талески ќе треба да ја предводи и нашата млада репрезентација на Светското првенство во Алжир, но неговиот сегашен клуб Рајн Некар Левен прави проблем околу настапот на талески на ова СП затоа што се поклопува со терминот на подготовки на екипата за следната сезона.

Share.

Leave A Reply