Македонија со победа над Чешка за пласман во Хрватска

0

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕП во Хрватска наредната година.

Според досега постигнатите резултати на Македонија и е потребна победа за да сигурно биде прва во групата и да добие поволна позиција на ждребката за групите во Хрватска. Во друг случај кога би одиграле нерешено и би се пласирале на ЕП ќе бидеме во групата на неносители и може да очекуваме потешки противници.

Макединија е селекција која игра одлично на домашен терен и досега во квалификациски натпревари има загубено само од Франција и Шпанија, додека на останатите натпревари излегувале како победници. Од таму доаѓа и оптимизмот дека вечерва може да се дојде до победа на оваа средба со Чешка која пак е растеретена со сигурен пласман на ЕП.

Селекторот Раул Гонзалез за вечерашниот натпревар против Чешка на располагање во составот ќе го има и Аце Јоноски. Иако не беше во тимот со Украина, нашиот интернационалец вчера се приклучил на подготовките.

Покрај Јоноски за денешниот натпревар селекторот Гонзалес направи и промена на голманската позиција, на местот на Даскаловски за денешниот натпревар е повикан Никола Митревски. Натпреварот се игра во „Вип арената“ на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20.45 часот.

Share.

Leave A Reply