Машката ракометна репрезентација на Македонија забележа победа и на вториот контролен натпревар против Чиле откако денеска го совлада ривалот со 28:24.
И денеска Македонија одигра натпревар без капитенот Кире Лазаров, кој не беше во составот, но успеаја да одиграат добро и да дојдат до уште една победа. Само во првите 15 минути од натпреварот се играше изедначено, а потоа Македонија направи предност која ја задржа до крајот на првиот дел и на одмор замина со водство од 16:12.
Во вториот дел нашите репрезентативци одиграа исто така добро иако Чиле се закани на момент кога дојде на само еден гол разлика. Малку поцрвста одбрана на нашата селекција ведаш ја врати резултатската предност и до крајот ја одржуваа истата за конечни 28:24.
За Македонија против Чиле денеска настапија:
Митревски (8 одб.), Даниловски (1 одб.), Томовски (2 одб.), Велковски 2, Кузманоски 2, Талески 3, Маркоски 2, Кузмановски 4, Костески 2, Лазаревски, Крстевски 2, Поповски 3, Георгиевски, Младеновиќ, Пешевски 3, Маџовски 1, Серафимов 2.