Македонија подобра од Чиле за пласман во втората фаза на СП

0

Македонија го совлада Чиле со 32:29 во директниот дуел за пласман во втората рунда од СП во Египет. Оваа победа значи дека македонските репрезентативци ќе го продолжат настапот на СП во следната фаза, каде ќе разигруваат со најдобрите три селекции од групата Х.

Чиле добро го започна натпреварот и постојано беше во водство, но Македонија успеа да се врати во ритам и да дојде до предност која се менуваше до крајот на првиот дел каде Чиле замина на одмор со предност од 17:16.

Многу подобра игра на Макеоднија во вторто полувреме, пред се во одбраната и тоа резултираше со добро реализирани напади кои ни донесоа предност, а за прв пат Македoнија поведе со +4 при резултат 27:23, а до крајот нашите репрезентативци ја задржаа предноста за победа од 32:29.

Капитенот Кире Лазаров со осум гола беше најефикасен во македонската репрезентација, а по него Пешевски и Костески постигнаа по пет, а фантастичен на голот беше Митревски со 14 интервенции.Кај Чиле Салинас постигна 9, додека Себаљос 7 гола. Во втората фаза од СП, Македонија ќе игра против Русија, СЛовенија и Белорусија.

Share.

Leave A Reply