Македонија со победа ги започна квалификациите за ЕП 2020 година, со триумф над селекцијата на Летонија со 3:1 (2:0).
Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот со брз гол на Алиоски кој во 11 минута по асистенција на Горан Пандев успеа да погоди за водство од 1:0. Македонија доминираше во првото полувреме, а во 23.минута Хасани мораше да ја напушти играта поради повреда и на негово место влезе Елиф Елмас кој во 29 минута успеа да постигне гол за водство на Македонија од 2:0 со што нашата селекција направи солидна предност по првиот дел во кој доминиравме и имавме уште неколку удари кон голот на Летонија.
Во вториот дел Макеоднија ја смири играта и сакаше рутинирано да дојде до овие бодови, но во 88.минута Исајевс намали на 2:1 за да биде фуинишот од натпреварот неизвесен. Сепак во судиското продолжение Елиф Елмас постигна уште еден убав гол за конечни 3:1 и победа на Македонија.
Следниот натпревар Македонија го игра во недел ан 24.март во Љубљана против Словенија. Во нашата група вечерва Израел и Словенија одиграа нерешено 1:1, додека Полска славеше во Виене против Австрија со 1:0.