Македонија посакува победа против Аргентина, на стартот на СП во Скопје

0

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра својот прв натпревар на Светското првенство што од денес до 18 август се одржува во Скопје.

Селекторот на нашата репрезентација Данило Брестовац е отимист дека оваа генерација на млади ракометари може да направи добар резултат на ова СП кое се одржува во нашата земја.

„Очекувам тежок натпревар. Секогаш е тешко да се игра на првата средба од едно големо натпреварување како што е СП. Одработевме добри подготовки, првиот противник, Агентина, е добро анализиран. Сметам дека имаме добар ростер, играчи што ќе можат да одговорат на се што ќе играат тие. И во одбрана и во напад. Секогаш постои фактор на изненадување, но сепак се надевам дека со максимална ангажираност нема да дозволиме изненадување на оваа средба. Се надевам на успешен старт. Тоа многу ќе ни значи за понатмошниот дел од првенството. Пласманот во елиминациската фаза и условно кажано полесен противник во нокаут фазата е наш приоритет. Многу ќе ни значи доколку имаме поддршка од публиката. Се надевам дека ќе имаме навивачи кои ќе не бодрат од трибините и ќе ни бидат тој дополнителен ветер во грбот“, истакна селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац.

Македонија вечерва од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра својот прв натпевар од групата Ц против Аргентина. Во нашата група, во првото коло, ќе играат уште и Данска – Јапонија од 16.30 часот, односно Бахреин и Нигерија од 18.30 часот.

Влезот во салите за следење на натпреварите од СП е слободен, па љубителите на ракометот во Скопје ќе може да уживаат во настапот на идните ракометни ѕвезди.

Share.

Leave A Reply