Одбојкарската репрезентација на Макеоднија е поразена и на вториот контролен меч одигран во Софија, Бугарија.
Откако вчера беа поразени со 3:1 и денес со идентичен резултат нашата селекција доживеа пораз од домашната репрезентација на Бугарија. Првиот сет беше најинтересен и изедначен, а Бугарија го доби со 25:23, во вториот сет Бугарија славеше со 25:17, додека Македонија возврати во третиот сет кој го доби со 25:22. Очигледно немаа сили нашите одбојкари да одиграат уште еден квалитетен сет до крај и да го израмнат резултатот, напротив Бугарија го доби четвртиот сет со 25:20 и дојде до победа од 3:1 на оваа средба.
Нашите одбопјкари сега се враќаат во Скопје ќаде ќе се подготвууваат за натпреварите од квалификациите за ЕП.