Македонија против Германија, Црна Гора и Словенија на ЕП во Хрватска

0

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за 18. Европското првенство кое ќе се одржи во Хрватска на почетокот на следната година. Од 12 до 28 јануари во четири градови во Хрватска ќе бидат одиграни натпреварите од четирите групи, а Македонија ќе биде во групата Ц која ќе се  игра во Загреб.

На ждрепката одржана вечерва во Загреб, Македонија за свои противници во Групата Ц ги доби селекциите на  Германија, Словенија, Црна Гора.

Под водство на новиот селектор Раул Гонзалез нашата ракометна репрезентација има само еден пораз (Исланд на гости), едно реми (Украина на гости) и две победи (Исланд и Чешка на домашен терен). Можеби групата не е по наша мерка но со помош на публиката која ќе дојде во Загреб се надеваме на пласман во втириот круг.

ГРУПА А (Сплит): Хрватска, Шведска, Србија, Исланд.
ГРУПА Б (Пореч): Франција, Белорусија , Норвешка, Австрија.
ГРУПА Ц (Загреб):  Германија, Македонија, Црна Гора, Словенија.
ГРУПА Д (Вараждин):  Шпанија, Шведска, Чешка, Унгарија.

За Македонија ова претставува петто Европско Првенство по настапите во Италија во 1998, Србија 2012, Данска 2014 и Полска 2016.

Share.

Leave A Reply