Македонија против Јапонија на стартот на СП во Германија и Данска

0

Познати се термините во кои Македонија ќе ги игра своите натпревари на СП во ракомет што ќе се одржи во јануари наредната година.Македонската ракометна репрезентација ќе ја има честа да ја отвори групната фаза во Минхен од претстојниот ракометен мундијал во Германија и Данска.

Нашиот национален тим се наоѓа во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахраин и Јапонија, а по промената на системот на натпреварување на светските шампионати сега пласман во следната рунда обезбедуваат најдобрите три, а не како до сега четири селекции од секоја група.

Организаторот денеска ги објави точните термини за одигрување на средбите од групната фаза, па така Македонија ќе го започне својот настап на ова СП на 11 јануари со дуелот против Јапонија во 15.30 часот.

Нашите ракометари пследниот ден ќе имаат слободен ден, па на 13 јануари ќе се сретнат со Бахраин, повторно прв меч од програмата што ќе стартува во 14 часот. За 14 јануари е закажан мечот со Хрватска во 18 часот, на 16 јануари во 20.30 часот ќе играме против главниот конкурент за првата позиција во нашата група Шпанија, а мечот кој би требало д абиде најзначаен во борбата за третото место, оној со Исланд во последното коло, е закажан за 17 јануари со почеток во 18 часот.

Сега на потег се нашите ракометари кои треба добро да се подготват за настап на ова СП од кое се големи очекувањата.

Share.

Leave A Reply