Македонија против Шведска на стартот на СП во Египет

0

Македонската ракометна репрезентација и покрај тоа што е во подмладен состав сепак ќе биде пред голем предизвик, ќе треба да покажат дека ќе мора на нив да се смета сериозно во иднина и дека оправдано добија шанса за настап на СП во Египет.

Селекторот Брестовац го направи она што многумина само го најавуваа, но никако да се решат на тој потег за подмладување на селекцијата. И во овој состав на Македонија има искусни имиња кои ќе бидат столбот на оваа селекција на СП во Египет. Со капитенот Кире Лазаров, Стоилов, Пешевски, Маркоски, Митревски останатите ќе мора да покажат дека има квалитет кој може да ни донесе ссветла иднина на нашиот ракомет.

Првиот противник на Македонија вечерва е селекцијата на Шведска која на хартија е фаворит во групата Г, но и тое имаа доста проблеми пред стартот на СП, голем број на играчи го откажаа својот настап во репрезентацијата, а некои имаа проблеми со коронавирусот. Без клучни играчи слично како Македонија ќе мора да се потпрат на младите сили.

Макеоднија и Шведска досега имаат одиграно два официјални натпревари, а традицијата е на страната на Швеѓаните со една победа и нерешено. Прв пат на големите натпреварувања со скандинавскиот тим се сретнавме во 2012 година на ЕП во Србија, кога одигравме нерешено 26:26, додека подоцна во квалификациите за Олимписките игри во Гетеборг загубивме со 27:23. Бројните отсуства во Шведска даваат надеж дека Македонија може да се надигрува со Шведска.

Натпреварот на СП во Египет ќе се игра во Каиро вечерва со почеток од 20:30 часот.

Share.

Leave A Reply