Македонија – Романија за 100 денари

0

Македонската кошаркарска федерација денеска ги пушти во продажба билетите за претквалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Романија со цел да обезбеди поголема поддршка за кошаркарите.

Билетите се по промотивна цена од 100 денари и можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс, а в недела од 14 часот и на билетарата на СЦ „Борис Трајковски“.

Дуелот со Романците го играме в недела со почеток од 18:15 часот.

Share.

Leave A Reply