Македонија – Русија 77-94

0

Нашите најдобри кошаркари го претрпеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Перм и тоа од домаќинот Русија со 94 спрема 77 со што драстично ги намалија шансите за место на Европското првенство.

Избраниците на Тодоров по вчерашниот минимален пораз од Италија во крајно неизвесен и изедначен меч,  денеска беа надиграни од „Зборнаја“. Русите наметнаа агресивен и брз ритам за кој ние немавме решение. Згора на тоа имаа тотална доминација и под кошевите. Во нашиот табот Војдан Стојановски постигна 18 а Џејкоб Вајли16 поени.

По утрешниот ден за одмор, мечевите ќе продолжат в недела а Македонија ја очекува пресметката со Италија.

Share.

Leave A Reply