Македонија се комплетира, стигна и Џордан Теодор

0

Новиот репрезентативец на Македонија, Џордан Теодор денес пристигна на аеродромот „Александар Велики“ , а во текот на денот треба да се приклучи на подготовките на нашата кошаркарска репрезентација која се подготвува за предквалификациите за следното Светско првентво.

Американецот е новиот кошаркар кој ќе го носи дресот на нашата репрезентација и пристигна со насмевка на лицето и со видна возбуда. Тој е последниот кој ќе се приклучи кон тимот кој веќе се наоѓа на подготовки во Маврово. Селекторот Јорданчо Давитков со Теодор ќе го има комплетниот состав, но останува смао да ја чека одлуката на Перо Антиќ за неговото евентуално враќање во селекцијата.

Џордан Теодор доаѓа во нашата репрезентација како МВП на штотуку завршената Лига на шампиони на ФИБА.  Има 27 години и настапува за екипата на Банвит, додека во својата кариера го носел и дресот на екипите на Скајлајнерс во Германија  и Мерсин во Турција.

Share.

Leave A Reply