Македонија се пласираше на СП во Германија и Данска

0

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди настап на СП во ракомет кое ќе се одржи во Германија и Данска на почетокот на јануари 2019 година.

Нашата ракометна селекција беше поразена на гостувањето во Клуж од репрезентацијата на Романија со 26:25, но поради убедливата победа во Скопје од 32:24, се пласираше на завршницата на СП. По почетното водство од 1:0 на Романија, нашите ракометари дојдоа до резултатска предност која на момент изнесуваше два до три гола разлика, но домашните ракометари успеаа да го израмнат резултатот и во 24 минута  од првиот дел да дојдат до предност од 8:7. Потоа следуваше подобра игра на Романија која имаше предност од 3 гола разлика и водеше со 10:7 и 11:8, но сепак во финишот на првиот дел Македонија се врати во добар ритам и дојде до израмнување на 11:11, за да во последните секунди Романија постигне гол за предност од 12:11, резултат со кој се отиде на одмор.

Во вториот дел се играше гол за гол, се до 53 минута кога Романија направи водство од 24:20, но веднаш потоа следуваа два гола на нашите репрезентативци постигнаа два гола и намалија на 24:22. До крајот на натпреварот Романија не успеа да направи нова поголема предност, а нашите ракометари го донесоа натпреварот до минус 1 на крајот и конечни 26:25.

Најдобар во напата репрезентација беше Манасков со 7 гола, додека капитенот Кирил Лазаров постигна шест гола. На спротивната страна, Григораш постигна девет гола, додека голманот Попеску беше еден од најзаслужните за оваа минимална победа на Романија со 11 одбрани.

Share.

Leave A Reply