Македонија & Шведска на патот кон Германија

0

Нашите најдобри ракометарки ќе играат против Шведска во баражот за СП во 2017 во Германија. По денешната ждрепка во Гетеборг, ние во првиот меч ќе бидеме домаќини а реваншот ќе го одиграме во Скандинавија.

Во другите мечеви: Црна Гора – Белорусија, Италија – Србија, Русија – Полска, Унгарија – Словачка, Романија – Австрија, Украина – Шпанија, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.

Бараж средбите ќе се одиграат догодина во јуни а Светското првенство  од 1 до 17 декември. Директен пласман на СП обезбедија Германија како домаќин, актуелниот светски шампион, Норвешка, како и Холандија, Данска и Франција кои се борат за медалите на тековниот европски шампионат.

Share.

Leave A Reply