Боксерската репрезентација на Македонија во возрасната категорија деца , боксери родени 2005 и 2006 година , ќе настапи на Меморијалниот меѓународен турнир „А.Климанов“ во Харков.
На турнирот ќе настапат Петар Арсовски и Марија Мацеска во категоријата 38,5 кг. Овој силен меѓународен турнир е генерална подготовка пред Европското првенство во Тбилиси, Грузија кое ќе се одржи во август.
Нашите боксери се предводени од Мумин Вели и Александар Арсовски како тренери кои изјавија дека ова е одлична можност да се види со каков капацитет и иднина располагаме.
Турнирот започнува од денеска и ќе трае до крајот на неделата.