Нашата кошаркарска репрезентација забележа голема победа во дуелот против Италија, славеше со 87:78 и со тоа ги задржа шансите за пласман на ЕП.
Македонија одигра лошо во првото полувреме, односно во првите две четвртини во кои прими 52 поени, а имаше негатива од -16 (34:50), за во вториот дел одигра онака како што сите посакувавме и да дојде до резултатски пресврт.
Третиот период Македонија го доби со 26:13 и дојде до преднност од 67:65, резултат со кој ја започна последната четвртина во која исто така одигра одлична одбрана и прими само 13 поени, наспроти 20 постигнати што беше доволно за победа од 87:78. Најефикасен во редовите на нашата репрезентација беше Ненад Димитријевиќ со 22, а Магдевски постигна 20 поени. Одлични беа и Војдан Стојановски со 16 и Вејли со 13 поени.
Македонија сега треба даго чека исходот од мечот меѓу Русија и Естонија во кој ќе навиваме за Русија, а доколку Естонија загуби утре нашата селекција ќе игра во директна пресметка со оваа селекција за пласман на ЕП.