Македонија со победа против Бахреин си обезбеди осминафинале

0

Македонската ракометна репрезентација до 19 години ја забележа и втората победана СП кое се одржува во Скопје. Вечерва нашите млади ракометари беа подобри од Бахреин со 27:25 (12:9) и со тоа ги задржаа шансите за висок пласман во групата Ц со остварени две победи од три натпревари.

Макеоднија доминираше во првото полувреме кое го доби со 12:9, а добро го почна и второто во кое успеа да го контролира резултатот и да одржува предност од 3 гола разлика. Сепак предноста на нашата селекција се стопи во финишот од натпеварот кога на неколку минути пред крајот противникот успеа да се доближи на 26:25. Во последните минути Македонија сепка подобро се снајде и постигна два гола за победа на оваа средба од 27:25.

Најдобар стрелец беше мартин Серафимов кој постигна 10 гола од 14 упатени удари, додека ненад Костески постигна седум погодока. Кај Бахреин, Али постигна 11, а Алзаимур 5 погодоци. Утре Македонија ќе има слободен ден, додека во недела ја очекува средбата со фаворитот Данска.

Share.

Leave A Reply